Уште 10 дена до затворање на пријавувањето на Skopje Run 10K – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Уште 10 дена до затворање на пријавувањето на Skopje Run 10K

Пријавувањето на Skopje Run 10K завршува на 1 октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број на учесници.

Третата по ред Skopje Run 10K е повторно организирана од искусниот тим на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје. Минатата година околу 1.600 тркачи излегоа на патеката на прекрасното време и целосно ја пренесоа пораката дека спортот и спортскиот начин на живот е значаен дел од секојдневието во Скопје и Македонија.

Skopje Run 10K ќе се одржи во недела, 6. октомври 2019 година, со почеток во 09.00 часот. На агендата се две трки и тоа 10 км и штафетна трка 2 х 5 км каде двајца тркачи трчаат по 5 км и каде секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски.

Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври на во кугланата во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да покажете документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.

Сите заинтересирани треба да се пријават на http://www.skopje.run или www.smartrace.club.

Самата трка оваа година е малку променета и стартот е од фонтана Лотус, по што се трча по бул. Илинден до ул. Никола Парапунов каде што се врти назад повторно до финишот кој е кај фонтана Лотус. Истата може да се прегледа детално ТУКА

3D мапата е поддржана од Pic2Go кои и оваа година се дел од Skopje Run 10K и од кои секој може да ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи по завршување на трката. За повеќе детали посетете ја http://www.pic2go.mk/.

Генерален покровител на трката е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје и огромна помош имам и од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close