„Ушите да ви ги јадат“: Снеже Велков од Хрватска го објасни новиот систем за влез и излез на границите на ЕУ
Додека во јавноста сè уште владее неизвесност и скептицизам околу новиот систем за влез и излез на границите на Европската Унија (EES), Снеже Велков го сподели своето искуство директно од терен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
При нејзиниот влез во Хрватска, водителката преку социјалните мрежи сподели детален приказ на процедурата, упатувајќи остра порака до оние кои шират паника за наводната комплексност на новиот систем. Според нејзиното искуство, процесот е ефикасен и трае само неколку минути.
„Сите што ве плашат дека новиот систем EES е страшен и комплициран — ушите да ви ги јадат!!!“, напиша водителката.

Таа објасни дека процедурата не се разликува драстично од досегашната, со додавање на неколку дигитални чекори кои се извршуваат на самото место.
Наместо долги чекања и комплицирана документација, Снеже го опиша процесот во неколку едноставни чекори:
„Излегуваш од кола. Додека ти го гледаат пасошот, како и стандардно, стоиш пред камерчето и ставаш прст за скенирање. Две минути работа. Фала, пријатно!“, додава таа.
Оваа информација доаѓа како олеснување за многу македонски граѓани кои планираат патувања во соседните земји членки на ЕУ.


