УС опен има нова шампионка – Ига Швјонтек

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Полската тенисерка Ига Швјонтек е нова шампионка на УС опен откако во големото финале ја совлада Онс Жабер во двата сета со 6:2,7:6. Ова е трета гренд слем титула за Швјонтек, претходните две ги освои на Ролан Гарос и го зацементира статусот на најдобра тенисерка на светот.

Жабер пак, дожвеа пораз и во второто гренд слем финале, претходно загуби на Вимблдон од Елена Рибакина.

Швјонтек одлично го започна финалето на УС опен, го одзеде првиот сервис на Жабер и поведе со 3:0 во гемови. Тунижанката возврати во петтиот гем кога намали на 3:2, но веќе нба следниот сервис, Швјонтек повторно прави брејк за 4:2, а сетот го заврши со уште еден брејк за 6:2.

Во вториот сет, Жабер прикажа подобра игра иако повторно го загуби првиот сервис и повторно во петтиот гем дојде до брејк. Во следните два гема, тенисерките направија два брејка за потоа Жабер во осмиот гем да биде сигурна на свој сервис за 4:4. Во наредните четири гема, Швјонтек и Жабер беа сигурни на свој сервис и сетот го однесоа во тај-брејк.

Тај-брејкот започна со четири мини брејка, а потоа Жабер поведе со 4:5, но ги загуби поените на свој сервис по што Швјонтек дојде до 7:5 и титулата на УС опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот