Милчо Манчевски / Фото: Промо/Маја Аргакијева

Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм

Барањето на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм е прифатено од Управниот суд. Од „Банана филм“ соопштија дека Агенцијата ги стопирала исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“, а го стопирала и потпишувањето на пред-договорот за филмот „Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс од самата Агенција.

– На минатонеделното рочиште Управниот суд го уважи барањето на „Банана филм“, со што в.д. директорот на Агенцијата Бојан Лазаревски, ќе мора да даде налог за исплата на преостанатите 30 отсто по договорот за „Кајмак“ и ќе мора да склучи пред-договор и да исплати 5 отсто за развој на сценарио за „Биста“. Доколку не ја почитува одлуката, в.д. директорот ризикува да одговара кривично за неизвршување на судска одлука, се вели во соопштението на продуцентската куќа.

„Банана филм“ претходно поднесе тужба до Агенцијата, тврдејќи дека постапува незаконски во однос на филм кој е веќе одобрен од самата Агенција, прифатен, завршен и дистрибуиран по цел свет.

– Во меѓувреме, неделава Комисијата за заштита на конкуренција отвори постапка против Агенцијата за филм и приватното здружение ДФРМ за испитување на забранета државна поддршка. Допис за доставување на целокупната документација е веќе доставен до Министерството за култура. Според наоди на Државниот завод за ревизија, но и на самото Министерство за култура, Агенцијата незаконски му исплатила на приватното здружение над 120.000 евра. После негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Агенцијата за филм и ДФРМ, свој случај за работата на Агенцијата и на ДФРМ отвори и Антикорупциската комисија, потенцираат од продуцентската куќа.

Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против продукцијата на Милчо Манчевски, ѝ го прекина финансирањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот