Уморниот Надал се повлече од Синсинати – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Уморниот Надал се повлече од Синсинати

Вториот тенисер на АТП ранг листата по триумфот на Роџерс купот нема да учествува на Мастерс турнирот во Синсинати.

Рафаел Надал во неделата ја освои рекордната 35. титула на мастерс турнирите, откако по петти пат во кариерата триумфираше на Роџерс купот.

Надал во финалето со убедливи 6:3,6:0 го победи Русинот Данил Медведев и по прв пат успеа да одбрани титула на тврда подлога.

Навивачите во Синсинати ќе останат разочарани бидејќи нема да можат го следат Надал кој одлучи да се повлече од турнирот кој започна денеска. Причината за отказот е желбата на Надал да одмори и подобро да се подготви за последниот гран слем турнир годинава, УС Опен кој започнува на 26 август.

За разлика од Надал, во Синсинати ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер кои пак го пропуштија турнирот во Монтреал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close