Укината е пресудата против родителите на Коста Кецмановиќ, ќе им се суди повторно
Апелацискиот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, пренесе „Данас“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во соопштението на судот се вели дека одлуката е донесена бидејќи се сторени значителни процедурални прекршувања и дека причините за пресудата се нејасни и контрадикторни. На Вишиот суд во Белград му е наложено да ја повтори постапката и да ги отстрани недостатоците.
Владимир Кецмановиќ беше осуден на 14 години и шест месеци во првостепениот судски процес за кривични дела тешки дела против јавната безбедност и занемарување и злоупотреба на малолетно лице.
Се додава дека притворот на Кецмановиќ е продолжен до понатамошна одлука на првостепениот суд, бидејќи сè уште постојат причините поради кои првично беше одреден и продолжен.
Неговата сопруга Миљана Кецмановиќ е осудена на три години затвор за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.
Апелациониот суд ја потврди пресудата за давање лажно сведочење на Немања Маринковиќ, работник на стрелиштето, но му ја намали казната за три месеци – на една година домашен притвор.
На 3 мај 2023 година, тогаш 13-годишното момче Коста влезе во неговото училиште и уби деветмина соученици, како и обезбедувачот во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Тој рани уште петмина соученици и наставничката по историја, која се обидела да го спречи.
Осудени родителите на момчето-убиец од „Рибникар“, таткото доби 14, а мајката 3 години затвор


