УФЦ 272: Ковингтон го победи поранешниот најдобар пријател Масвидал

Ковингтон го победи Масвидал на поени/ принтскрин/јутјуб/Toại Ngu Ngơ

На УФЦ 272 приредбата која се одржа во Лас Вегас, во главната борба Колби Ковингтон го победи Хорхе Масвидал. Мечот помеѓу двајцата предизикувачи во велтер категоријата (до 77 кг) беше решена со едногласна одлука на судиите по пет рунди беспоштедна борба.

На борбата му претходеше препукување преку медиумите на двајцата поранешни најдобри пријатели.  кои на почетокот од кариерата тренираа заедно, а Ковингтон во октагонот покажа дека е подобар ММА борец, а така мислеа и судиите кои борбата ја бодуваа 49:46,50:44,50:45.


Интересно е што Ковингтон и Масвидал во четири од последните пет борби се бореа за титулата во велтер категоријата. И двајцата борци, по два пати загубија од шампионот Камару Усман. Колби Ковингтон по победата прозва уште еден поранешен тренинг-партнер, Дастин Поирие.

Во останатите борби, Рафаел дон Ањос со едногласна одлука на судиите го победи Ренато Моикано, Брајс Мичел во перолесна категорија исто така со одлука на судиите го победи Едсон Барбоса, а Кевин Холанд во велтер категорија со технички нокаут го победи Алекс Оливеира.
Во првата борба на главната приреда, во тешка категорија, Сергеј Спивак го нокаутира Грег Харди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот