УФЦ 267: Гловер Тешеира за прв пат стана шампион на 42 години

Тешеира го изненади шампионот во полутешка категорија и на 42 години го освои шампионскиот појас/принтскрин/јутјуб

Бразилскиот ММА борец, Гловер Тешеира е главна ѕвезда на УФЦ 267 приредбата која се одржа во Абу Даби.

Бразилецот во втората рунда во главната борба на вечерта, за шампионската титула во полутешка категорија, го победи сега веќе поранешниот шампион Јан Блахович и стана 14. шампион по ред оваа категорија. Воедно со 42 години стана најстариот ММА борец во УФЦ организацијата кој за прв пат станал шампион.

Иако пред борбата важеше за аутсајдер, Тешеира беше подобар на стартот од истата, го собори шампионот на партер и ја контролираше првата рунда. Во втората рунда со десно кроше го изненади Блахович и потоа со гушење ја заврши борбата.

Во конасловната борба, во бантам категоријата, Русинот Петр Јан по пет рунди беспоштедна борба го совлада на поени Кори Сандхаген и стана привремен шампион.

Сандхаген беше подобар во првите две рунди, но во наредните три доминираше Јан кој славеше со судиска одлука и се очекува во наредните месеци да има нова борба со Алџамаин Стерлинг да има нова борба за обединување на титулите во бантам категоријата.

Убедливи победи со прекин славеа и Ислам Макачев кој се смета за наследник на непоразениот Хабиб Нурмагомедов, со кимура зафат го натера противникот Дан Хукер да ја предаде борбата, додека Камзат Чимаев со гушење во првата рунда го победи Кинезот Ли Јианглианг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот