Училиште / илустрација / Фото: Мустаф Јонузи / Google Maps

Ученик расекол друго дете со нож во основно училиште во Скопско

Ученик е повреден со остар предмет во основно училиште во скопското село Арачиново, во тепачка со негов соученик, соопшти полицијата.

Повреденото дете, чијашто возраст МВР не ја открива, бил пренесен на лекување во болницата „Св. Наум Охридски“ Нема информации ниту за точните околности под кои дошло до крвавата пресметка, ниту пак за тоа колку се сериозни повредите на ученикот.

„На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен малолетник со повреда од остар предмет, а според пријавеното бил повреден во основно училиште во с.Арачиново од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Родители од Делчево ги дале малолетните ќерки за 49-годишен и 27-годишен „зет“, едното девојче родило дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот