Генерирана фотографија

Родители од Делчево ги дале малолетните ќерки за 49-годишен и 27-годишен „зет“, едното девојче родило дете

Ќе одговараат и „зетовите“, за силување на дете помладо од 15 години и за вонбрачен живот со дете

Делчевската полиција поднела пријави против родителите на две малолетни ќерки, кои немале наполнето ниту 15 години, да живеат во вонбрачни врски со 27-годишен и 49-годишен човек. Ќе одговараат и „зетовите“, за силување и за вонбрачен живот со дете, информираат од МВР.

„Пријави се поднесени против О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38), поради постоење основи на сомнение за кривично дело вонбрачен живот со дете од Кривичниот законик. Дополнително, пријава е поднесена и против Н.П. (27) од струмичко село, осомничен за вонбрачен живот со дете, како и за кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години од Кривичниот законик. За делото вонбрачен живот со дете пријавен е и О.П. (49) од струмичко село. О.Л. и Н.Л., како родители, дозволиле нивната малолетна ќерка од септември 2023 година да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила дете. Исто така, од март 2024 година, нивната втора малолетна ќерка живее во вонбрачна заедница со О.П.“, пишува во полициското соопштение.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот