Убил десетици деца и ја пиел нивната крв: Од кениски затвор побегнал сериски убиец

Кенискиот сериски убиец/ Фото DIRECTORATE OF CRIMINAL INVESTIGATIONS - KENYA

Маж кој признал дека убил повеќе од 10 деца во Кенија, побегнал од полициската ќелија во Најроби.

Мастен Вањала вчера требало да се појави пред судот под обвинение за убиство на најмалку 14 момчиња, но полицијата за време на прозивката забележала дека тој повеќе не е во ќелијата, пишува Би -Би -Си.

Вработените во затворот кои биле на должност во моментот на неговото бегство биле уапсени.

Тој призна дека пиел крв од некои од жртвите

Вањала бил приведен за време на полициската истрага за серија убиства на деца што ја шокираа нацијата.

Властите сега започнаа потрага по серискиот убиец што го опишаа како исклучително опасен.

Вањала бил уапсен во јули и признал дека дрогирал и убивал момчиња, а во некои случаи ја пиел нивната крв.

Видео на денот