Убавата Анџелина Џоли е вистински ангел во бел фустан, но валканите стапала ја расипаа целата слика (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли (45) важи за една од најубавите жени во светот и секогаш на собе носи совршена, а сепак едноставна комбинација. Но и таа е жив човек и кога станува збор за изгледот, сосема нормално е да погреши.

Убавата Џоли е фотографирана додека уживаше во друштво на синот Пакс, а сликани се додека одат во еден ресторан во Холивуд.

Анџелина и Пакс носеа маски, а цело време со нив беше и еден телохранител.

Актерката за оваа прилика облече бел фустан и летни сандали со ниска потпетица кои совршено и одеа со ременот, а на себе имаше и бела „Christian Dior“ торба.

Фото: Профимедиа

Иако изгледаше елегантно и средено, едноставно а гламурозно, како и секогаш, сепак и се случи една мала грешка – нејзините стапала беа исклучително валкани, а сето тоа толку јасно се гледало при чекорењето, што папараците едноставно не можеле да го прескокнат овој валкан детаљ.

Фото: Профимедиа

Веднаш започнаа да се нижат негативните коментари, при што луѓето ја осудија велејќи дека вакво нешто на една ѕвезда како неа не смее да и се случи.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот