У20: Балканијадите ќе бидат зонски квалификации за Европското првенство 2027
Балканските шампионати за одбојкари и одбојкарки до 20 години од годинешниот календар на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) ќе претставуваат и Зонски квалификации за ЦЕВ Европското првенство У20 кое ќе се одржи во 2027 година. Оваа одлука беше донесена на Генералното собрание на Асоцијацијата кое се одржа денеска во хотелот „Хилс“ во Сараево, Босна и Херцеговина, со присуство на претставници на 10 од 11 членки на БВА.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Македонија ќе учествува во Зонските квалификации и во машка и во женска конкуренција, а тоа го потврдија претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски, кои како претставници на Одбојкарската федерација на Македонија беа делегати на Собранието.
Во женска конкуренција, домаќин на Балканијадата У20, која ќе се игра во периодот од 19 до 23 август ќе биде Босна и Херцеговина, а покрај организаторот и Македонија ќе учествуваат и Албанија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.
Кај мажите, организатор на Балканијадата до 20 години ќе биде Бугарија, а ќе учествуваат Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Ова натпреварување ќе се одржи од 25 до 29 август. Во однос на другите БВА шампионати на Собранието беа дефинирани организаторите и термините за одигрување на истите, додека листата на учесници треба да биде комплетирана до 1 април.
Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски оваа година ја презема функцијата на потпретседател на БВА, додека Гркот Георгиос Карампецос е нов претседател на Асоцијацијата и ќе ја води оваа година.


