Pexel

„Твитер“ воведува нова интересна опција: Наскоро достапна за сите

„Твитер“ интензивно работи на тоа да воведе реакции со емотикони на твитови, слично како оние на „Фејсбук“. Покрај вообичаената опција „лајк“, сега ќе има и реакции за „cheer“, „haha“ и „sad“, а за разлика од „Фејсбук“, „Твитер“ нема да воведе реакција за лутење.

Реакциите на емотиконите во моментот се во фаза на развој. Реакциите на објавите се исто така достапни на други платформи за социјални медиуми како „ЛинкдИн“.

Реакциите на „емоџи“ ги забележа експертот за обратно инженерство, Џејн Манчун Вонг, кој објави „принткрин“ на „Твитер“.

Емотиконите изгледаат слично како на „Фејсбук“, особено оние за „haha“ и „sad“, но покрај нив „Твитер“ исто така се очекува да вклучи и реакции за размислување „hmm“ и бодрење „cheer“.

Инаку, Твитер, платформата неодамна престана да прифаќа нови апликации за потврда на сметката. Твитер ја суспендираше услугата уште во 2017 година, но повторно ја пушти во употреба на 20 мај годинава.

Pexel

„Твитер“, исто така, наводно тестира бета фаза на нова група фонтови, наречена „Chirp“. Тоа за прв пат беше објавено во јануари 2021 година и, според корисниците, „Твитер“ веќе започнал да го шири фонтот до своите веб-корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот