Турскиот заводник го чека првото дете со сопругата, а се шпекулира дека за време на бременоста ја изневерил со колега

Фото: Инстаграм

За неговата склоност кон истиот пол се шпекулира уште од 2013 година, меѓутоа актерот секој пат ги дематира таквите наводи…

Познатиот турски актер Кенан Имирзалиоглу (46), на нашата публика попознат како Езел од истоимената турска серија, го очекува своето прво дете со сопругата, колешката Синем Кобал.

Турските медиуми долго време шпекулираа дека парот очекува девојче, но сепак изгледа дека нивното семејство ќе стане побогато за уште едно момче, кое наскоро би требало да дојде на свет.

Меѓутоа, она што посебно ја интригира јавноста во последните денови е и шпекулацијата дека Кенан ја изневерил својата бремена сопруга со еден од колегите.

Иако веќе четири години е во среќен брак со Синем, се посилни се гласините дека турскиот заводник има хомосексуално определување, а тоа тој во повеќе наврати го демантираше.

Фото: Инстаграм

Прв пат за неговата хомосексуалност се пишуваше во далечната 2013, а таа приказна сега повторно се разгоре.

– Синем беше свесна во што се впушта. Веќе неколку години се зборува дека Кенан сака мажи и дека ја изневерил со неколку досега. Но, Синем го сака и се надева дека ќе се промени и целосно ќе и се посвети. Најмногу поради тоа таа посака и дете со него – со цел повеќе да ги зближи, но тоа него не го спречи да се сплетка со помладиот колега, изјавил неименуван извор за турските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот