Туршија од црвен кромид на италијански начин: Деликатес во кој ќе уживате оваа зима, а се подготвува суперлесно! (РЕЦЕПТ)

Фото: Фејсбук

Покрај тоа што има совршен крцкав и киселкаст вкус и естетки делува многу впечатливо, па кога ќе го послужите, ќе биде тоа – вистински празник за сите сетила.

Потребни состојки:

– 1,5 кг поситни парчиња црвен кромид
– 2 литри 9% алкохолен оцет
– 1 литар вода
– 4 лимони
– 3 лажици шеќер
– 4 лажици сол
– 2 кесички бибер во зрно

Фото: Фејсбук

Подготовка:

1. Во поголем сад ставете го исчистениот кромид, прелијте го со половина од оцетот, додадете му сол и поклопете го па оставете го да отстои еден ден.

2. Следниот ден, заедно со течноста во која отстоил кромидот ставете го на оган да се вари 3-4 минути од моментот кога ќе зоврие.

3. Тргнете го од оган и оставете го да се олади.

4. За тоа време помешајте го останатиот оцет со водата, сокот од лимон и шеќерот па сето тоа кратко зовријте го и потоа оладете го.

5. Изладениот кромид наредете го во теглички, разлистан на прстени, додадете го биберот и прелијте со разблажениот оцет.

6. Затворете ги теглите и одложете ги на ладно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот