Тупурковски го доби наследникот: Даниел Димевски нов претседател на МОК

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Даниел Димевски, денеска е избран за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Случувањата на Собранието на МОК не поминаа глатко, противкандидатката на Димевски, Александра Војнеска – Зикова заедно со своите приврзаници укажаа на бројни нерегуларности, а откако не ја добија поддршката од повеќето членови, ја напуштија салата.

Војнеска – Зикова и привзаниците го напуштија Собранието на МОК

Во отсуство на противкандидат, Даниел Димевски на тајното гласање доби 30 гласа и беше избран за претседател на МОК и ќе го наследи Васил Тупурковски, кој до денеска беше единствениот претседател на Македонскиот олимписки комитет. Тупурковски едногласно беше избран за почесен претседател на МОК. Интересно е што Војнеска – Зикова иако не остана на гласањето, доби еден глас, а едно ливче беше неважечко.
Веднаш по изборот Димевски најави дека идната година повторно ќе организира Изборно Собрание.

Уште сега ветувам, јавно кажувам дека следната година ќе организираме ново Изборно Собрание, па тие пак нека не дојдат. Сакам да бидеме обединети, а не разделени. Затоа ќе сторам се за бидеме пак сите заедно. А до следниот избор зад себе ќе имам една година во која ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за македонскиот спорт. Вечерва ми е еден од најтешките денови. Имав три мандати во КФМ и секој пат сум давал се од себе на сите што мислат различно да ги убедам да мислат вистински. Оваа ситуација ќе ме мотивира да работам уште понапорно и сите овие столчиња сега што се празни ке бидат полни и ќе ми аплаудираат повеќе од сите вас – изјави Димевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот