Војнеска – Зикова и привзаниците го напуштија Собранието на МОК

Кандидатот за претседател на Македонскиот олимпик комитет, Александра Војнеска – Зикова заедно со приврзаници од спортските федерации го напуштија Собранието на МОК.

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски, прво побара Собранието да прекинато поради  нерегуларности, а откако неговото барање беше одбиено од поголем дел од членовите, повика на напуштање на Собранието и неговиот повик беше прифатен од кандидатката Александра Војнеска – Зикова и нејзините приврзаници кои си заминаа.

Сево ова се случуваше пред последната точка на дневниот ред на која требаше да се гласа за наследникот на Васил Тупурковски на претседателската функција на МОК со што е се поизвесно дека Даниел Димевски ќе биде новиот предводник на МОК.

Тој по заминувањето на Војнеска ијави дека му е жал што на последната точка кога ќе ја презентира програмата, неговиот против кандидат нема да биде присутен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот