Тричковски и Спировски го матираа АПОЕЛ (ВИДЕО)

Фото: ЕPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Македонските репрезентативци Иван Тричковски и Стефан Спировски се најзаслужни за убедливата победа на нивниот АЕК Ларната од 3:0 во дербито против АПОЕЛ.

Победата ја најави Спировски уште на самиот старт, односно во седмата минута го совлада голманот на АПОЕЛ, Силва.

Во второто полувреме, АЕК преку Абрахам во 55. минута поведе со 2:0, а конечниот резултат го постави Тричковски во 72. минута.

Со овој триумф во второто коло од кипарската прва лига, АЕК остана на делба на првото место на табелата со максимален скор, две победи во двата меча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот