Три дела од телото на кои се гледаат првите знаци на крвни згрутчувања

нозе
Фото: Profimedia

Крвните згрутчувања што се развиваат во нашите вени, познати како длабока венска тромбоза, може да бидат опасни. Важно е да обрнете внимание на три места на телото.

Ако згрутчувањата во вените се ослободат, тие патуваат низ крвотокот и може да се заглават во белите дробови и да го блокираат протокот на крв.

Загрижувачки е тоа што грутките слични на гел можат да патуваат низ вашиот крвоток до вашите бели дробови, каде што можат да блокираат еден од вашите крвни садови, што може да биде фатално.

Професорот Марк Вајтли, водечки венски хирург и основач на клиниката „Вајтли“, ги сподели со „Експрес“ „раните“ знаци на појава на крвни згрутчувања.

Професорот препорача следење на овие делови од ногата за да ги воочите симптомите: крвните згрутчувања најчесто може да се забележат на листовите на нозете, зглобовите или на бутовите. Тие можат да се манифестираат како тапа болка и/или оток, пишува британски „Експрес“.

За да го спречите ова, треба навреме да ги препознаете крвните згрутчувања.

Длабоката венска тромбоза најчесто ја зафаќа најголемата вена која поминува низ мускулите на долниот дел од ногата (потколеницата) и бутините, па првите знаци на згрутчувања можат да се забележат токму во овој дел од телото.

Исто така, обрнете внимание на симптоми како што се отежнато дишење (краток здив), болка во градите и грчеви. Доколку почувствувате какви било симптоми, особено ако страдате од проширени вени, обратете се кај вашиот лекар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот