Тревис Скот/ Тимоти Шаламе - Фото: EPA

ФОТО | Тревис Скот го исмеа поразот на Тимоти Шаламе на Оскарите со објава што брзо ја избриша

Раперот Тревис Скот, поранешен партнер на Кајли Џенер, објави фотографија на Инстаграм со која индиректно го прозва нејзиниот сегашен партнер Тимоти Шаламе, откако Мајкл Б. Џордан го доби Оскарот за најдобар актер, категорија каде беше номиниран Тимоти, пишува „Лед бајбл“.

Шаламе беше меѓу најспоменуваните актери за време на целата сезона на награди и важеше за еден од главните фаворити. Иако неговите изјави во медиумите привлекоа внимание, тие не влијаеле на резултатот, бидејќи гласањето било завршено пред тие да станат вирални. Сепак, за многумина неговиот пораз се смета за изненадување.

Фото: Инстаграм

Додека се подготвува за новите проекти, меѓу кои и продолжението на „Дина“, Шаламе ќе мора да се соочи и со реакции од јавноста – меѓу кои и провокацијата од Скот.

Раперот објави фотографија од емотивниот говор на Џордан, што некои го протолкуваа како честитка за победата, но други како суптилна провокација кон Шаламе. Објавата набрзо беше избришана.

На социјалните мрежи реакциите беа поделени – дел од корисниците ја видоа објавата како поддршка за Џордан, додека други сметаа дека станува збор за намерен потег против актерот.

Ова не е првпат Скот да го спомене Шаламе во негативен контекст. Во својот албум од 2023 година, тој веќе алудираше на актерот преку текст во песна.

И покрај тоа, Шаламе не реагираше на овие провокации. Напротив, по доделувањето на наградите, тој достоинствено му честиташе на Џордан со стоечки аплауз.

Во минатото, актерот отворено зборувал за тоа како се чувствува кога губи награди, нагласувајќи дека разочарувањето е природно.

Се очекува Шаламе повторно да биде во трка за награди следната година, но ќе се соочи со силна конкуренција од други големи имиња во филмската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот