Слободан Трендафилов, претседател на ССМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Трендафилов се обидува да го повика срамот кај властите од сиромаштијата на својот народ

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, ги повика властите, доколку се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати, а не да се борат против податоците за сиромаштијата на својот народ.

ССМ со месеци наназад бара власта и работодавачите да прифатат зголемување на минималната плата на износ од 600 евра (од сегашните околу 400), поради поскапувањата во изминатиот период, кои предизвикаа и многу луѓе кои работат, практично да бидат сиромашни бидејќи платите им ги „јаде“ инфлацијата.

Трендафилов потсети дека една третина од работниците во Македонија работат и добиваат плата за својата работа, а се сиромашни затоа што платата им изнесува под 30.000 денари или под прагот на сиромаштија во Македонија кој изнесува 31.200 денари.

„За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, за три месеци цената на нафтата за литар поскапа за 27.50 денари или за без малку 50 % зголемување, а тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари“, порача Трендафилов.

Неговиот став следува откако податоците од синдикалната минимална кошница што ја изработува ССМ, покажаа дека на едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67 818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби.

Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83 193 денари.

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот