Фото: Инстаграм/Вивијан Вилсон/EPA

Трансродовата ќерка на Илон Маск: „Тој плати за да се родам како машко, а сега е разочаран“

Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан Вилсон, го обвини милијардерот дека инвестирал во ин витро оплодување (ИВФ) со цел да осигура дека ќе има син.

Во објава на платформата Тредс, Вилсон изјави дека нејзиниот доделен пол при раѓање бил резултат на „парична трансакција“ и дека цел живот се борела против очекувањата да биде машко.

„Мојот пол при раѓање беше купен и платен. Кога како дете покажував женствени особини, а подоцна станав свесна дека сум трансродова, сфатив дека сум спротивност на тоа што беше ‘нарачано’“, напиша Вилсон.

Маск, кој има најмалку 13 деца, ги доби првите пет преку ИВФ, при што сите беа родени како машки. Сепак, не е потврдено дали тој навистина го користел процесот за избор на полот.

Изјавата на Вилсон предизвика бројни реакции, при што многумина искажаа поддршка.

„Ако твојот татко навистина се обидел да го избере полот и мисли дека не го добил тоа што го платил – тоа е негов проблем, а добивка за светот. Ти си неверојатна“, коментираше еден корисник.

Односите меѓу Маск и неговата ќерка се влошени веќе подолго време. Минатата година, тој изјави во интервју дека бил „измамен“ да дозволи Вилсон да добие трансродова медицинска нега на 16 години, но таа ги отфрли неговите тврдења, нарекувајќи ги „лажни“ и инсистирајќи дека нема да дозволи такви изјави да останат без одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот