Трајковски: Ќе им помагам на овие млади играчи се додека ме држат нозете

фото: fiba.basketball

Бојан Трајковски беше едeн од најдобрите начи кошаркари на натпреварот со Естонија, постигна 21 поен, а имаше и шест скокови, но за жал Македонија не ја оствари целта и не обезбеди пласман на Евробаскет.

– Жал ми е, и разочаран сум од тоа, пред сè најмногу што овие млади момци во нашиот тим нема да играат на Европското првенство догодина. И на претходните дуели покажавме дека можеме да играме со големите репрезентации, но тоа не беше доволно за да се пласираме на Евробаскетот.

Се надевам, и убеден сум дека во некои наредни квалификации ќе стигнеме до она што не успеавме да го реализираме овде. А јас ќе бидам со нациналниот тим се додека ме држат нозете, односно додека играм кошарка. Се со една цел, да им бидам од помош на овие момци кои се тука со нас, и на кои е иднината на нашата кошарка. Секогаш ќе му бидам на располагањње на нашиот национален тим, се додека играм кошарка- изјави Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот