Трагедија и го одбележа животот, а една средба во банка и го промени: Необична и тажна приказна за една од најубавите жени во светот

Фото: Профимедиа

Една од најубавите и најплатените актерки во Холивуд денес е Шарлиз Терон, но нејзиниот пат до ѕвезда не бил ниту малку едноставен.

Шарлиз Терон пораснала во Јужноафриканската Република, но нејзиното детство не било најсреќно. Нејзината мајка и таа покрај таткото алкохоличар преживувале многу тажни и непријатни ситуации во домот, а во една таква домашна ситуација тој го земал својот пиштол и испукал куршум кон нив. Тогаш мајката на Шарлиз храбро му го одземала пиштолот и го убила. Меѓутоа, не добила казна бидејќи станувало збор за самоодбрана и одбрана на дете.

Фото: Профимедиа

Шарлиз подоцна со својата мајка се преселила во Италија, а потоа во Њујорк. Таа најпрвин се занимавала со танц, но една сериозна повреда на коленото и ставила крај на нејзината кариера.

Фото: Профимедиа

Потоа нејзиниот живот го одредила судбинската средба во една банка со агентот Џон Крозби, кој стоел покрај неа додека таа се обидувала еден чек да го замени за пари. Тој се понудил да и даде пари а таа прифатила. Откако случајно ја открил нејзината харизма и талент тие воспоставиле контакт, по што таа ја остварила и својата прва улога.

Фото: Профимедиа

Се понатака е добро познато, а Шарлиз е и првата Јужноафриканка со Оскар за најдобра актерка.

Таа посвои две деца, а познати се и нејзините љубовни врски со Шон Пен и Стјуарт Таунсенд, но најчесто таа истакнува дека не се гледа себе си во сериозна врска со некој маж.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот