EPA-EFE/ANDREJ ISAKOVIC

Тото Волф ги предупреди Расел и Антонели: Ако треба, ќе оставиме само еден автомобил!

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, навести сериозни последици за Џорџ Расел и Кими Антонели доколку нивната борба за титулата во Формула 1 во 2026 година се разгори премногу.

Мерцедес има речиси совршен почеток на новата сезона во Формула 1, победувајќи во првите три трки, вклучувајќи две еден-два победи во Австралија, односно во Кина.

Предноста што ја има Мерцедес во однос на остатокот од тимовите е значителна, при што Кими Антонели е во водство во шампионатот на возачи, пред својот искусен колега Џорџ Расел.

Ова наликува ерата кога Луис Хамилтон и Нико Розберг, обајцата возејќи за Мерцедес, се бореа за титулата помеѓу 2014 и 2016 година.

Волф ја потврди својата верба дека ниеден возач не е поголем од тимот, иако слободата за натпреварување останува клучна.

– Тимот е секогаш поголем од возачите. Ние сме Мерцедес, еден од најсилните брендови во светот, најдобриот бренд на автомобили во светот. Се тркаме за 150.000 луѓе кои работат за нас. Компанија која постои повеќе од 120 години. Можноста да возите и да бидете еден од ретките избрани тркачи на Мерцедес, исто така доаѓа со одговорност за возење за Мерцедес – вели Волф.

Кими Антонели и Џорџ Расел EPA/ALI HAIDER

Во предупредувачка изјава за двајцата свои возачи, Волф јасно го искажа својот став за последиците кои следуваат за слично однесување како она на Хамилтон и Розберг.

– И во моментот кога возачот ќе почувствува дека се се врти околу него, тоа не е начинот на размислување што ние би го дозволиле, да го прифатиме во тимот. Јас би претпочитал да вози само еден автомобил, одошто да имаме таква ситуација – вели Волф.

Расел е уверен дека ќе остане во Мерцедес и следната сезона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот