Топло и сочно: Ролат-пита со спанаќ и сирење

ролат
Ролат со спанаќ / Фото: Profimedia

Доколку ви здодеаjа класичните рецепти за пити, ви предлагаме нешто поинакво. Зошто да не направите комбинација од пита и ролат со спанаќ и сирење. По желба додадете шунка, пченка и уште нешто сувомеснато, и ќе добиете сочно јадење. Пробајте и уживајте!

Состојки:

– тенки кори
– 7 брикети замрзнат спанаќ
– 200 гр сирење
– 2 јајца
– 1 лажица кисела павлака
– 200 гр сувомеснато на парчиња

За прелив:

– 100 мл јогурт
– 1 јајце
– 50 мл маслиново масло
– 1/2 прашок за пециво

Подготовка:

Издробете го сирењето, додадете ги двете јајца, павлаката и спанаќот па сѐ изедначете. Во друг сад сипете јогурт, додадете јајце, масло и прашок за пециво и изедначете ја смесата. Првата кора премачкајте ја со 2-3 лажици прелив, над неа втората кора, па третата кора. На дното на кората наредете ги листовите од сувомеснатото, а преку нив сирењето и спанаќот. Свиткајте ги рабовите и завиткајте во ролат и редете во плех обложен со хартија за печење. Остатокот од преливот прелијте го врз ролатите. Се сече на пократки ролати. Печете на 200 степени околу 50 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот