Тодоров пред дуелот со Русија: Една загубена битка, не значи и загубена војна!

фото: kfsm.mk

Кошаркарите тренираа во салата „Молот“ каде што денеска ќе го одиграат вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година.

И покрај поразот во Скопје од Естонија, селекторот Александар Тодоров верува дека далеку е крајот на квалификациите, Русите исто така имаа неуспешен старт, односно беа поразени од Италија (64:83).

Најдобрите македонски кошаркари тренираа во салата „Молот“, Перм каде што денеска ќе го одиграат вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година.

Тодоров вели дека на тренинзите се испробуваа некои тактички замисли за денешниот дуел:

– Атмосферата е добра бидејќи и играчите, како и јас, веруваат во овој процес. Сите добро знаеме дека една загубена битка не значи и загубена војна – вели предводникот на нашиот национален тим.

Универзалната спортска арена „Молот“ за кошаркарски натпревари има капацитет од 7.000 места и се очекува комплетно да биде исполнета на мечот меѓу Русија и Македонија.

Мечот ќе започне од 16.00 часот по средноевропско време, а најавен е директен пренос кој ќе оди на „Спортклуб 2“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот