Пораз на стартот од квалификациите: Естонија подобра од Македонија

Естонците славеа со 72:81 во првото коло од квалификациите за ЕП 2021.

Македонската кошаркарска репрезентација квалификациите за Евробаскет 2021 ги започна со убедлив пораз од селекцијата на Естонија од 72:81

Иако желбите беа,новите квалификации со нов селектор и подмладена репрезентација, да се стартува со победа, на крајот кошаркарите загубија од селекцијата на Естонија која втор натпревар по ред во салата Борис Трајковски остварува победа.

Натпреварот започна со три промашувања за тројка, два пати непрецизен беше Дамјан Стојановски и едно на Витингтон.
Првите поени „црвено-жолтите“ ги постигнаа преку Витингтон по што до крајот на првата четвртина се играше израмнето иако првите 10 минути им припаднааа на Естонците со минимални 18:20.

Во втората четвртина вистински потоп за избраниците на Александар Тодоров, никако не можеа да го погодат кошот. Првите поени дојдоа во петтата минута преку тројката на Крстевски но тоа беше се што сторија до крајот на полувремето. Секое наше промашување беше сурово казнувано од противникот и Естонците втората четвртина ја добија со неверојатни 5:25 и за огромна негатива од 22 поени (23:45).

Во третиот период, подобра игра на Македонија, Дамјан Стојановски постигна пет поени по ред и полека почна да се топи големата негатива. Со поени на Димитриевиќ во 24. минута, Македонија дојде до 39:50. Подобрата игра на крајот од третиот период резултира со намалување на негативата на 14 поени (46:60).

Во последната четвртина, во 33. минута со поените на Војдан Стојановски, Македонија дојде до минус десет (55:65). Прв пат негативата под 10 поени, падна со поените на Ненад Димитриевиќ во 35 минута (62:70).
Кошаркарите немаа сили за пресврт и единствено што направија беше да обезбедаат пристоен пораз по катастрофалното издание во првото полувреме.
Одлична партија прикажа капитенот Војдан Стојановски со 26 постигнати поени, додека Динитриевиќ и Витингтон постигнаа по 15 поени.
Во редовите на Естонија брилјираше Куламае со 31 поен притоа давајќи дури седум тројки.

Следниот натпревар за кошаркарите е во недела кога и гостуваат на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот