Тодоров го објави конечниот список за натпреварите во Перм

Фото: kfsm.mk

Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација Александар Тодоров, го определи списокот на 15 играчи кои ќе патуваат за Перм, каде во периодот од 18-22 февруари нè чекаат четири квалификациски натпревари за Европското првенство во 2022 година.

По неколкуте одработени тренинзи во Скопје, и второто ПЦР тестирање од ковид-19 кое беше реализирано пред саботниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, шанса добија вкупно 13 кошаркари на кои во текот на утрешниот ден, пред тргнувањето за Перм ќе им се приклучат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Собирот на нашата експедиција е предвиден за утре изутрина во 08.00 часот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, додека летот кон Перм е закажан за два часа подоцна.

КОНЕЧЕН СПИСОК НА ПАТНИЦИ ЗА ПЕРМ

Дамјан Робев

Андреј Митревски

Бојан Крстевски

Дамјан Стојановски

Кристијан Николов

Андреј Магдевски

Бојан Трајковски

Теодор Симиќ

Виктор Ефремовски

Филип Бакоч

Џејкоб Вајли

Војдан Стојановски

Лука Савиќевиќ

Ненад Димитријевиќ

Стојан Ѓуроски

СТРУЧЕН ШТАБ: Александар Тодоров – селектор, Ѓорѓи Кочов, Горан Самарџиев, Никола Велев, Никола Василев (асистент тренери), Ерен Хангун (кондициски тренер), Слободан Николиќ (доктор), Ненад Попоски (физиотерапевт)

Симиќ: Ме изненади повикот, се надевам дека тремата нема да се одрази во Перм!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот