Фото: Pexels/ Skylar Kang

Тоалетната школка не е корпа за отпадоци! Што не треба да фрлате во неа за да не направите скапи проблеми

Знаеме дека понекогаш е полесно и се чини практично само да го фрлите отпадокот во тоалетната школка и да ја пуштите водата да тече, но всушност, на тој начин можете да создадете проблем.

Треба да знаете дека постојат одредени работи кои никогаш не треба да ги фрлате во тоалетот. Тие можат да предизвикаат сериозни проблеми, како што се затнати одводи и пукање на цевките, што може да доведе до скапи и комплицирани поправки. Затоа, бидете внимателни!

Што не треба да фрлате во тоалетот?

Влажни марамчиња и хартиени крпи

Иако делуваат слично како тоалетната хартија, во вода не се распаѓаат така лесно. Нивната потврда структура може да предизвика блокирање и оштетување на цевките.

Хигиенски влошки и тампони

Овие производи апсорбираат вода и значително го зголемуваат волуменот, што лесно може да ги блокира одводите и да предизвика проблеми со протокот на вода.

Кондоми

Латексот и другите синтетички влакна од кои се направени не се раствораат во вода, туку се лепат за внатрешната страна на цевката и го отежнуваат протокот. Фрлете ги правилно во корпата за отпадоци.

Производи од памук

Памучните брисеви, тампоните и памучните топчиња ја задржуваат влагата и тешко се разградуваат, што значи дека можат да придонесат за сериозни блокади.

Пластични предмети

Без разлика на големината, пластиката не припаѓа во тоалетот! Не може да се распадне и може да предизвика долгорочни проблеми во канализациониот систем.

Забен конец

Иако изгледа безопасно, забниот конец не се раствора во вода и лесно може да се заплетка со друг отпад, создавајќи поголеми блокирања на цевките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот