Тивкиот срцев удар погодува сѐ повеќе луѓе, дури и без да знаат: Ова се симптомите!

Неретко се случува луѓето кога ќе доживеат срцев удар, тоа да го слушнат од лекарот, откако ќе се подложат на некои тестови и прегледи, дека веќе претходно имале срцев удар. Тестовите направени за проценка на оштетување на срцето откриваат дел од мртвиот мускул што е резултат на срцев удар што го сме го изнеле „на нозе“.

Лекарите тоа го нарекуваат „тивок инфаркт на миокардот“, а симптомите се или толку благи или пак, доволно неспецифични што не ги забележуваме.

Илјадници луѓе низ целиот свет секојдневно доживуваат тивок срцев удар без да го знаат тоа, несвесни за фактот дека го зголемуваат ризикот од последователни и посериозни инфаркти кои можат да предизвикаат сериозно оштетување на срцето и евентуална смрт.

Повеќето луѓе мислат дека тивкиот удар е помалку опасен од оној вообичаениот, бидејќи „она што не го знаеме не ни штети“. За жал, тоа не е вистина, предупредуваат лекарите. Таквиот вид на незнаење може да има многу посериозни последици, бидејќи луѓето кои доживеале инфаркт обично во живот ги воведуваат промените поради кои состојбата ќе им подобри.

Од друга страна, секој што доживеал срцев удар без да знае, не менува ништо во својот живот – продолжува со иста количина стрес, работа, навики во исхраната и животот.

Специфични грчеви

Истражувањата спроведени во Исланд и Финска, кои имаат одличен систем на медицинска документација за сите граѓани, помогнале да се утврди колку често се случуваат тивките срцеви напади.

Студијата опфатила повеќе од 1.000 луѓе на возраст меѓу 67 и 93 години, кои биле следени повеќе од 13 години. На почетокот биле подложени на неинвазивна магнетна резонанца која е најсигурен показател за тивкиот срцев удар. Утврдено е дека 17 отсто од нив имале срцев удар, со тоа што само 10 отсто од нив го знаеле тоа.

По првите три години следење, не постоела разлика во стапката на морталитетот помеѓу оние кои имале тивок срцев удар и оние кои немале, што изнесувало околу 3 отсто. Но, како што одминувало времето, пациентите со тивок инфаркт имале полоша здравствена состојба – 10 години подоцна, повеќе од половина од нив починале.

Луѓето со тивок срцев напад, исто така, имале и зголемен ризик од застој на срцето, што го оневозможува срцето да пумпа, па затоа се рефлектира во задишеност и собирање вода во нозете и околу срцето.

Почесто ги погодува мажите

Симптомите на тивок срцев удар може да бидат многу благи и да траат многу кратко време, поради што ние често ги заменуваме со некои вообичаени, помалку сериозни проблеми и, по правило, поради тоа ги занемаруваме. На пример, можно е да чувствувате замор или физичка непријатност за што ќе ја обвинете напорната работна недела, проблемите со спиењето или некои општи симптоми поврзани со стареењето.

Другите типични симптоми на тивок срцев удар, како што е блага болка во грлото или градниот кош, можат да се заменат со симптомите на желудочен рефлукс, отежнато варење и киселини во желудникот, предупредуваат лекарите.

Алармантен е бројот на луѓе кои доживуваат тивок срцев удар, а без воопшто да бидат свесни за тоа, тврдат експертите, а лузните на миокардот се пет пати почести кај мажите отколку кај жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот