Фото: илустрација / МИА

Тинејџери на мотор се судриле со кола во Струмица, едниот е тешко повреден

Две 16-годишни момчиња, кои се возеле на мотоцикл, се тешко повредени во судир со автомобил во Струмица, соопшти МВР. Возачот на моторот има тешки повреди.

„На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица“, велат од полицијата.

Нова трагедија: 10-годишно дете загина по пад од тераса во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот