Тетово Болница/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Ѓуриќ

Нова трагедија: 10-годишно дете загина по пад од тераса во Тетово

Уште една трагедија денеска ги потресе граѓаните по веста дека утрово загинало 10-годишно дете по пад од тераса во Тетово.

„Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница“ соопшти СВР Тетово.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот