Тинејџерот кој уби две лица во Кеноша се огласи од затвор: Останете силни, наскоро излегувам

Фото: nydailynews.com/printscreen (youtube)

Кајл Ритенхаус (17) кој е обвинет за убиство на две лица за време на протестите во Кеноша, се огласи од притвор.

– Сакам да се заблагодарам од срце за поддршката кон сите. Многу ми е значи и од голема помош е. Наскоро ќе излезам од притвор. Останете силни“, порача Ритенхаус до неговите симпатизери по разговорот со еден од неговите адвокати, Џон Пирс.

Колку за потсетување, тинејџерот се соочува со обвинување дека убил две лица и ранил уште едно со истрели од огнено оружје за време на протестите и нередите што избија по застрелувањето на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од полициски службеници кои седум пати му пукаа во грб.

Според проценки на лекарите, голема е веројатноста дека Блејк ќе остане неподвижен.

Трамп застана во одбрана на тинејџерот-убиец: Ќе беше убиен ако не пукаше

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот