Трамп застана во одбрана на тинејџерот-убиец: Ќе беше убиен ако не пукаше

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера застана во одбрана за Кајл Ритенхаус (17), кој е обвинет за убиство на две лица на протестите во Кеноша, Висконсин.

Уапсено 17-годишно момче за две убиства на протестите во Кеноша (ВИДЕО)

Трамп на прес-конференцијата рекол дека тинејџерот ќе „беше убиен ако не пукаше“.

Претседателот се однесувал како адвокат на Ритенхаус и објаснил дека на основа на снимките кои ги видел заклучил дека тинејџерот делувал во самоодбрана.

– Тоа беше многу интересна ситуација. Се обиде да бега од нив, претпоставувам, барем така изгледаше. Потоа падна и тие брутално го нападнаа, рече Трамп.

Претседателот констатираше дека „детето било во голема опасност“.

– Веројатно ќе го убиеа, заклучи Трамп.

Ритенхаус како што можеше да се види од претходни снимки со пушка застрела момче кое му се приближуваше додека седеше на земја. Момчето наводно го нападнало откако видел дека му убил двајца пријатели. Обвинетиот тинејџер пукал од пушка за која немал дозвола.

– Морам да напоменам дека овој случај и понатаму е под истрага, објаснуваше Трамп еден ден пред неговото патување во Кеноша, каде минатите недели избија протсети откако полицијата испали седум куршуми во Афроамериканецот Џејкоб Блејк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот