Алдо Миранда - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Тиктокер пронајден мртов: „Понекогаш внатрешните битки се тивки“

Мексиканскиот инфлуенсер и Тикток ѕвезда, Алдо Миранда, почина на 32 години. Веста ја потврди неговиот менаџерски тим.

32-годишникот од Ла Паз, Баха Калифорнија Сур, Мексико, кој беше пронајден мртов во својот стан, имаше повеќе од 10,2 милиони следбеници на Тикток и повеќе од 486.000 следбеници на Инстаграм.

Причината за смртта не е откриена, а судејќи според коментарите на неговиот менаџер, Миранда извршил самоубиство.

Тој беше познат по своите хумористични реакции – смеејќи се со публиката за време на виралните видеа.

Неговиот менаџерски тим, му оддаде почит на Миранда во објава на Инстаграм.

„Тој имаше талент што плени, допираше и инспирираше.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALBE GROUP (@albegroup)

„Денес нè остава со срцепарателни вести“, се вели во соопштението.

„Понекогаш внатрешните битки се тивки и не успеваме да видиме што некој носи во себе“, рекоа тие, додавајќи:

„Алдо одлучи да си замине пред своето време, и иако тоа длабоко боли, сакам да се се сеќавам на него со љубов, светлината и радоста што ги остави во нас. Ќе ни недостигаш толку многу, немаш поим.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот