Тие се гурмани, уживаат во храната, но и постојано се гладни: Овие 5 хороскопски знаци јадат како да не постои утре!

Фото: Профимедиа

Во вкусната храна веројатно сите уживаат, но овие пет хороскопски знаци постојано размислуваат што следно да јадат и постојано се гладни.

Откако ќе видат храна пред нив, обично ништо не останува на нивната чинија затоа што ќе изедат сè за кратко време. Дали и вие сте меѓу нив?

Бик

Дури и пред да влезе во ресторанот, бикот знае што сака да јаде. Дефинитивно е меѓу најгладните хороскопски знаци. Тој го проверува менито неколку часа пред да влезе, а исто така сака да пробува и нови јадења. Разочаран е ако храната што ја порачал не е вкусна.

Фото: Профимедиа

Вага

Вагите сакаат да грицкаат помеѓу оброците. Колку и да се обидуваат да најдат ред и рутина во оброците, тие не се придржуваат до тоа. Понекогаш појадуваат двапати, а честопати мораат и да каснат нешто пред ручекот. Не е важно за кое време од денот е – само да се јаде.

Риба

Храната рибата ја прави среќна. Тие често јадат само за да се чувствуваат добро и сакаат да јадат речиси сè. Тие исто така сакаат да јадат јадења од други култури, а најмногу  јадат кога се фрустрирани или тажни.

Фото: Профимедиа

Лав

Лавовите се вистински гурмани и сакаат фенси храна, а ја презираат брзата храна. Тие уживаат во вистински кулинарски искуства и често се фалат со јадењата што ги готват.

Овен

Овните се отворени за сè што е ново и посетуваат необични ресторани. Тие се храбри и често јадат егзотични јадења. Тие сакаат да експериментираат во сопствената кујна и да готват за своите пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот