ТФТ ќе игра за титулата во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

фото: КФСМ

Денеска во првото полуфинале на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој се организира во СРЦ „Кале“ – Скопје составот на ТФТ беше убедлив против ФМП Академија со 94:72.

Во големото финале играчите на тренерот Боро Смилковски ќе играат против МЗТ Скопје Аеродром или Феникс 2010.

На денешната средба во победничките редови Хортон реализираше 20 поени, а на спротивната страна Ајви го имаше истиот учинок.

– Тоа што најмногу го добивме со Пелистер, беше што си докажавме на самите дека можеме со подобри екипи. Не може да кажам дека е лесно кога ќе го елиминираш Пелистер кој немаше пораз, а сега да победиш со ФМП…Но, најдовме време да се рехабилитираме доволно за овој натпревар. Овој ривал ни беше голем должник, годинава лигашкиот меч го загубивме во последната секунда. И тоа беше наш мотив дека дојде време конечно и ние да победиме.

Домашниот терен и поддршката од публиката си го сторија своето, да имаме енергија цели 40 минути. Второто полувреме можеби за момент не беше добро за око, но бевме доста исцрпени. Во финалето немаме што да загубиме, но одиме во атак по првиот трофеј во историјата. Сакам во финалето да играме против МЗТ Скопје, тоа е моја желба – рече Смилковски по мечот со ФМП Академија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот