Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Тежок напад во Љубљана – возач на автобус избоден, полицијата трага по напаѓачот

Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност.

Во центарот на Љубљана, се случи напад во кој возач на градски автобус е тешко повреден со остар предмет. Напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, а полицијата интензивно го бара, пишува 24ur.com.

Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност.

Љубљанската полиција започна обемна потрага по сторителот. Како што потврди Полициската управа во Љубљана, сите расположиви полицајци и криминалистички истражители се на местото на настанот, а над поширокото градско подрачје лета и хеликоптер.

Полицијата објави и опис на осомничениот. Станува збор за маж на возраст меѓу 35 и 50 години, висок од 180 до 190 сантиметри, со светла коса и светла брада. Во моментот на нападот, носел црвена јакна, но полицијата предупредува дека постои можност во меѓувреме да се пресоблекол.

Бидејќи станува збор за опасна личност, полицијата издаде важно предупредување до граѓаните да не му приближуваат доколку го видат, туку веднаш да ја повикаат полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот