Тестот на корона на Ѓоковиќ е негативен?

Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим на Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Организаторот на хуманитарните турнири „Адриа Тур“, Новак Ѓоковиќ, денеска веднаш по пристигнувањето во Белград се тестирал на ковид-19, и „Слободен печат“ од свои извори во главниот град на Србија, дознава дека сите тестови се негативни.

Турнирот во Задар вчера беше експресно прекинат откако Григор Димитров објави дека е позитивен на ковид-19, а тестирањата на останатите учесници и членови на организацијата покажаа дека позитивни се и хрватскиот тенисер Борна Чориќ и , кондицискиот тренер на Ѓоковиќ и уште едно лице.

Ѓоковиќ не се тестираше вчера туку тоа го сторил денеска веднаш по пристигнувањето во Белград и неофицијално првите тестови се негативни.

Според неофицијалните извори на „Слободен Печат“, Ѓоковиќ, неговата сопруга Јелена како и останатиот тим кој беше со него во Задар, братот Ѓорѓе, вујкото Горан, Миљан и тренерот Иванишевиќ се негативни на ковид-19.

Исто така негативни на ковид-19 се и Александер Зверев кој учествуваше на двата турнири, во Белград и Задар како и Марин Чилиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот