илустрација / Фото: МВР

Две коли и камион се судриле на „Словенечка“ попладнево, има повредени

Двајца луѓе се повредени во тешка верижна сообраќајна несреќа која попладнево се случи на булеварот „Словенија“ во Скопје.

Во несреќата, информира МВР, учествувале две патнички коли и еден камион.

„Денеска (14.04.2026) во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на булевар „Словенија“ помеѓу патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки управувано од И.И.(45), патничко возило „мазда” со пробни регистарски ознаки управувано од С.А.(31) и товарно возило со кумановски регистарски ознаки управувано од И.К.(37) од Куманово. Од незгодата со повреди се здобиле две лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во медицинска установа за укажување помош“, велат од МВР.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот