Теренска вакцинација на старите и изнемоштени жители од населеното место Раштак

Теренска вакцинација / Фото: МИА

Општина Гази Баба, по барање на жителите, заедно со Здравствен Дом Скопје – пункт за мобилна вакцинација, спроведе теренска вакцинација во населеното место Раштак за старите и изнемоштени лица, при што вкупно аплицирани се 30 вакцини, прва доза, од производителот СИНОВАК.

Вакцинацијата била во мобилниот пункт поставен во просторијата на месната заедница Раштак, како и теренска вакцинација во домовите на стари лица, кој имаат отежнато движење.

-Покрај пријавените постари лица, на пунктот за вакцинација, денес се пријавија и помлади жители, кој исто така имаа можност за вакцинација на овој пункт. Систем на мобилни пунктови за вакцинација дава голем ефект кај граѓаните. Општина Гази Баба е отворена да продолжи и во иднина со ваков вид на мобилни пунктови во населените места каде има интерес од граѓаните, информираат од Општина Гази Баба.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот