Тензии пред Ролан Гарос, Сабаленка ја прекина прес-конференцијата
Најдобрите тенисери и тенисерки го кренаа гласот против намалувањето на нивниот удел од приходите на Ролан Гарос, кој започнува следната недела во Париз.
Препорачано
Најновиот вид протест беше виден денеска, кога најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка својата прес-конференција, по што ја напушти просторијата со новинарите.
Како што објасни, не станува збор за неа и за тоа колку заработува, туку за борба за правата на послабо рангираните тенисери и тенисерки.
„Целата поента не е за мене, туку за играчите кои се пониско на ранг-листата и кои страдаат. Не е лесно да се живее во овој тениски свет со процентот што го добиваме. Но, како светски број еден, чувствувам дека морам да станам и да се борам за тие играчи, за тенисерите од пониско ниво, за оние што се враќаат по повреди и за новите генерации. Сметам дека нашето барање е јасно и фер за сите“, изјави Сабаленка.
Таа им се извини на новинарите, бидејќи токму тие на крајот ги чувствуваат последиците од бојкотот.
„Стојам зад своите зборови. Сакавме ова да го направиме на достоинствен начин уште од почетокот и знаете колку ве почитуваме и цениме. Ова не е ваша одлука и не е насочено кон вас, туку се бориме за фер процент“, додаде белоруската тенисерка.
Ролан Гарос започнува во понеделник, а Сабаленка во првото коло ќе игра против шпанската тенисерка Џесика Бузас Манеиро.


