Жичница на Водно: Фото: Архива

Тензии на Средно Водно: Лути скопјани се карале со вработените на жичницата

Група граѓани кои денеска чекале ред на жичницата на Средно Водно им се налутиле на вработените на жичницата поради тоа што прогласиле пауза, иако на таблата пишува дека пауза се прави само во работните денови, пишува „СДК.мк“.

На почетната точка на жичницата во 11:30 часот имало малку луѓе и жичницата работела без прекин. Но, работниците тогаш го затвориле влезот и навеле дека за нив и недела е работен ден и дека имаат право на пауза. За кусо време, се создала гужва и граѓаните почнале гласно да негодуваат, пишува порталот.

„Зошто да чекаме и да мрзнеме тука половина час, кога знаеме дека во викенд нема пауза? Прашавме еден од вработените и тој ни рече дека за нив и недела е работен ден. Да нѐ известеа, да пишуваше некаде, во ред, но вака не е коректно”, рекол еден скопјанец.

Вработените рекоа дека инструкции за пауза добиваат од колегите кои работат на врвот на Водно, пишува СДК.мк, додавајќи дека жичницата, како и секој понеделник, нема да работи, и покрај тоа што е неработен ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот