Тениската легенда Џон Мекинро застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Џон Мекинро, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по неговото соочување со публиката на Вимблдон, велејќи дека српскиот тенисер често бил непочитуван во текот на неговата кариера.

Способноста на Ѓоковиќ да се справи со интензивната атмосфера е причината поради која тој стана најдобар тенисер на сите времиња, според Мекинро.

По победата во четвртото коло, Ѓоковиќ ги критикуваше навивачите, тврдејќи дека тие го користеле презимето на неговиот противник Холгер Руне како „изговор за исвиркување“.

Освојувачот на 24 Грен слем титули смета дека вревата на навивачите, кои ја издолжиле првата самогласка во презимето на Руне – Руууууне, била искористена со цел да го вознемират.

– Зарем не мислите дека во последните 10 до 15 години имало најмалку 100 мечеви на кои Ѓоковиќ бил непочитуван поради тоа колку е добар? Што направи толку лошо? Именувајте нешто. Што е тоа? Тој се натпреварува исто толку интензивно како и сите други. Дали е тоа неговиот изглед, местото од каде што е? – коментираше Мекинро.

Во споредба со Рафаел Надал и Рожер Федерер, за Мекинро, Ѓоковиќ е „како Дарт Вејдер“.

– Кој може да се спореди со нив во однос на тоа што му дадоа на тенисот? Никој – а потоа доаѓа Ѓоковиќ и ја расипува забавата. Како да му оддадеме почит, на крајот на краиштата? Тој е типот кој е убедливо најмногу напаѓан, издржа најмногу „жештини“ и затоа би рекол дека е најдобар до сега – смета поранешниот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот