Позната причината за реакцијата на Ѓоковиќ кон публиката

Фото: EPA-EFE/TIM IRELAND

Новак Ѓоковиќ вчера славеше победа против Данецот Холгер Руне, но внимание во овој меч предизвика неговата реакција кон публиката по мечот.

Денеска на социјалните мрежи се огласи новинарот Нуно Маркес-Ноури кој открива зошто Ѓоковиќ се однесувал на тој начин. Повикувајќи се на Марко Ѓоковиќ, братот на Новак тој тврди дека причина биле неговите деца.

„Беше лут затоа што неговите деца беа во публика и не поднесува непочитување кон нив. Мојот извор е директно од Марко Ѓоковиќ“, објави Ноури.

Исто така тој додаде дека токму проади таквиот однос кон Ѓоковиќ, неговата сопруга Јелена не била присутна во некои финалиња на грен-слем турнирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот