Тенисерка го прекрши протоколот на турнирот во Палермо (ВИДЕО)

фото: твитер

Италијанската тенисерка за кратко заборави на коронавирусот, а кога сфати дека направи грешка беше предоцна.

Тениската сезона продолжи со женскиот турнир во Палермо (Италија), Сара Ерани по завршувањето на 1/16 финалниот меч против Сорана Кирстеа од Романија го прекрши протоколот со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Таа фрли стегач кон еден од фановите, главниот судија тоа го забележа, веднаш ја опомена, а Ерани мораше да се извинува.

33-годишната Италијанка не доби никаква казна, триумфираше на дуелот со резултат 2:1 по сетови 7:5, 1:6 и 6:4…

Во текот на турнирот протоколот го прекрши и словенечката тенисерка Каја Јуван која го фрли својот пешкир кон луѓето во публиката.

Видео на денот