ТЕЛЕВИЗОРИ, КЛАВИРИ И ПРЕПАРИРАНИ ЖИВОТНИ: Што сѐ крадат гостите од хотелите?

Фото Архива на СП

Повеќето хотелски гости ги сметаат сапуните, ќесичките шампони, пенкалата, капите за туширање, како сувенири кои тие имаат право да ги спакуваат во својот куфер при враќањето дома, но има и такви кои од хотелот земаат телевизори, клавири, душеци, па дури и препарирани животни.

Тоа го покажало истражувањето на германскиот портал „Велнес Хевен“, веб водич за спа-хотели на основа на анкетата која е спроведена меѓу 1.157 хотелиери за тоа кои предмети најчесто се крадат.

Огромен број на гости крадат пешкири и бањарки, можеби како работи кои ќе им бидат добредојдени за следниот спа-одмор, а потоа следат и крадци на закачалки, пенкала и прибор за јадење.

Покрај овие „вообичаени“ предмети, регистрирани се и низа на бизарни кражби кои укажуваат на лудата имагинација на деликвентите.

Наводно, на гости на еден берлински хотел најверојатно им требала голема мајсторска умешност кога успеале од апартман да изнесат црево за одвод, цел мијалник, тушот и даската од тоалетната шолја.

Меѓу овие чудни случаи на кражба спаѓаат и одземање на голем клавир од лоби на еден хотел во Италија или вадење на бројките од вратата на хотелски соби во истата земја.

Во Франција еден гостин бил фатен како се обидува да украде препарирана глава на вепар, кој подоцна го добил како трофеј, бидејќи неговите пријатели го купиле од хотелот ова драгоцено парче и му го дале како свадбен поклон, додека во еден хотел близу Салцбург биле украдени дрвените клупи од сауната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот