Тејлор Свифт ја заврши својата рекордна турнеја, одржа 149 концерти

Тејлор Свифт / Фото: JULIEN DE ROSA / AFP / Profimedia

Тејлор Свифт ја заврши својата, од повеќе аспекти рекордна турнеја Ерас со концертот во Ванкувер, Канада, зацврстувајќи го нејзиниот статус на меѓународна музичка мегаѕвезда.

Нејзината светска турнеја, најпрофитабилната во историјата, започна во март 2023 година во Аризона, по што Свифт посети педесет градови, од Буенос Аирес до Токио и Сингапур, одржувајќи вкупно 149 концерти.

Не е откриена висината на приходите од продажбата на билети за концерти, но специјализираниот магазин „Полстар“ ја проценува на повеќе од две милијарди долари, што е многу повеќе од 939 милиони долари што ги заработил Елтон Џон како дел од неговата последна турнеја, по пет години и 328 настапи. Неговата турнеја беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

Заедно со заработката од продажба на билети, турнејата Ерас значително економски придонесе за сите градови каде што се одржуваа концертите.

Во Торонто, со шест концерти, локалната туристичка канцеларија процени дека присуството на американската пејачка донесе околу 282 милиони канадски долари, или околу 199 милиони американски долари, на економскиот најголем канадски град.

Турнејата на Тејлор Свифт предизвика интерес што ретко се гледа во споредба со другите музичари. Во Париз во мај, два дена пред концертот, обожавателите кампуваа во близина на салата во која настапуваше, надевајќи се дека ќе бидат што поблиску до неа.

На концертот во Единбург во јуни, фановите толку многу ја тресеа земјата што Агенцијата за следење на земјотреси на Обединетото Кралство (BGS) забележа сеизмичка активност измерена до шест километри околу стадионот каде што настапуваше Свифт.

Потемната страна на турнејата е што во август во Виена беа откажани три концерти поради дојава за самоубиствен исламистички напад.

Покрај обожавателите, изведбите на Тејлор Свифт ги воодушевија и критичарите, кои ја пофалија нејзината енергија и издржливост на сцената за време на настапите кои во просек траеја три и пол часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот